
Барселона на капитенот Серхио Бускетс ќе му понуди продолжување на договорот, но со помала плата, пишува „Мундо Депортиво“.
Ограничени поради финансискиот фер-плеј наметнат од Ла Лига, Каталонците ќе му понудат на својот капитен плата значително помала од онаа што ја добива во моментов.
Клубот не би имал ништо против продолжувањето да биде само за шест месеци, по што тој потенцијално би можел да се пресели во американскиот Интер Мајами во јануари 2024 година.
Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, е еден од играчите во актуелниот состав чиј договор истекува на 30 јуни, заедно со Серхи Роберто. Тренерот Чави Хернандез е главниот поддржувач за продолжување на договорот на искусниот 35-годишен фудбалер.
Има многу шпекулации за иднината на Бускетс, бидејќи покрај Интер Мајами, се зборува за сериозен интерес и од актуелниот клуб на Кристијано Роналдо, Ал-Наср од Саудиска Арабија, кој е подготвен да му понуди на фудбалерот огромна плата од 36 милиони евра по сезона. Со оглед на финансиската состојба на Барселона, Каталонците се свесни дека не можат да се натпреваруваат со овие понуди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
