
Трет пораз на Манчестер Сити во турнејата во Америка. „Граѓаните“ ноќеска во Орландо израмнија против Барселона, но промашија два од три пенали, па на крајот неважната победа им припадна на Каталонците.
Барселона поведе откако Пау Виктор го матираше Едерсон, но со одличен гол на младото момче Ник О’Раили англискиот шампион успеа да израмни.
Барса повторно поведе пред полувремето, Пабло Торе беше стрелец, а на крајот Џек Грилиш го одведе мечот на пенали.
Во тимот на Манчестер Сити се појави и Џејден Хески, син на некогашниот репрезентативец Емил. Многу млади играчи продефилираа на сцената за Сити, на кои Пеп Гвардиола очекува да им се даде шанса во куп натпреварите во новата сезона.
Халанд постигна чист гол во воведните 15 минути од натпреварот, топката ја прејде гол – линијата, но немаше видео технологија да потврди, па во тој момент остана 0-0.
Сити досега во текот на подготовките изгуби од Милан и Селтик, им остана уште еден натпревар во Америка, дуелот со Челси претстојниот викенд.
Генералната проба пред стартот на првенството ќе биде во „Комјунити Шилд“ за десетина дена против Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Арсенал го обнови интересот за Адемола Лукман

Прва лига
Шкупи се засили со Ринор Ајдини

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски погоди и вторпат во дресот на Клуж

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими
