
Барселона активно бара играч од средниот ред кој би можел да дојде во зимскиот преоден рок. Сега се издвојува ново име, тоа е играчот од средниот ред на Флуминенсе, Андре, кој од летото се поврзува со неколку европски гиганти.
Тој има 22 години, еден е од најдобрите играчи во бразилското првенство и не се сомнева дека ќе дојде во Европа во 2024 година.
Флуминенсе за него бара 30 милиони евра кои Барселона не може да ги плати, но имаат доверба во спортскиот директор Деко, кој има одлични односи со бразилскиот клуб, како и со агентот на играчот.
Идејата е Андре да дојде на позајмица со право на откуп во летниот преоден рок и да биде платен на рати, па јасно е зошто Деко ги држи клучевите од овие преговори.
Андре будно го следеа скаути на Ливерпул и на Арсенал, а на Светското клупско првенство каде настапува за Флуминенсе изјави дека посакува да биде дел од Барселона.
„Бразилците тешко можат да одолеат кога ги викаат Реал Мадрид или Барселона. Би ми било чест да ме поканат и мене, но мислам дека би ја избрал Барселона“, изјави Андре.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal