Барселона ќе се обиде да го ангажира дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, доколку Челси го ангажира Жул Кунде од Севилја. Стратегот на каталонците, Чави Хернандез, го стави Французинот како еден од приоритетите на списокот за засилување на одбраната.
Сепак, Кунде е се поблиску до трансфер во Челси. Се верува дека двата клуба договориле трансфер од околу 55 милиони фунти. Се очекува во следните 48 часа да бидат извршени лекарските прегледи и тој да потпише за англискиот клуб.
А доколку се комплетира овој трансфер, Барселона би можела да се насочи кон Салиба.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski