
Каталонскиот фудбалски клуб Барселона ќе му подигне статуа на поранешниот играч на тимот, аргентинската ѕвезда Лионел Меси. Ова денеска го соопшти претседателот на Жоан Лапорта.
„Ќе подигнеме статуа на Лео Меси пред „Камп Ноу“. Одлуката е веќе донесена“, изјави Лапорта.
35-годишниот Меси играше за Барселона од 2003 до 2021 година. Напаѓачот со Барселона десетпати стана шампион на Шпанија, седум пати го освои Купот на Шпанија, осум пати Суперкупот на Шпанија, четири пати Лигата на шампионите, по трипати Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
Меси го држи рекордот на Барселона за најмногу голови (672), асистенции (303), одиграни натпревари (778) и е стрелец број 1 во шпанската лига (474 гола).
Во летото 2021 година, Меси се пресели во францускиот клуб Пари Сен Жермен, со кој ја освои националната титула. Во ноември истата година, Аргентинецот ја освои „Златната топка“ по рекорден седми пат – награда која се доделува на најдобриот играч на годината.
Меси има 164 натпревари за Аргентина, на кои има запишано 90 гола и 51 асистенција. Со репрезентацијата ја освои Копа Америка (2021) и беше финалист на Светското првенство во 2014 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
