Connect with us

Барселона му нуди нов договор на Дембеле

Осман Дембеле се поврзуваше со трансфер во Јувентус, но Барселона е подготвена да му понуди продолжување на договорот. 23-годишниот фудбалер се пресели на “Камп Ноу” во 2017 година, а неговиот договор истекува во јуни 2022 година.

Според италијанските медиуми, Јуве размислувал да го понуди Пауло Дибала бидејќи тој најверојатно ќе ги напушти “бјанконерите” ова лето.

Сепак, во Шпанија се вели дека Дембеле би можел долгорочно да се се посвети на каталонците. Според “Мундо Депортиво”, репрезентативецот на Франција ја убедил Барса со добрите игри во последниот период, а од клубот наскоро ќе му понудат нов договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови