Connect with us

Барселона го продава Бразилецот Рафиња за 100 милиони евра

Раководството на Барселона е подготвено да се раздели со Бразилецот Рафиња во летниот преоден рок за 100 милиони, објави каталонското издание „Спорт“.


Интерес за крилниот напаѓач има од Ал-Хилал, кој е многу блиску до освојување на шампионската титула во Саудиска Арабија.

Одличните игри на Ламин Јамал на десната страна на нападот значеа дека минутажата на Рафиња драстично се намали. Ова го носи блиску до заминување од тимот, а продажбата за 100 милиони евра ќе им овозможи на Каталонците да не ги продаваат Френки де Јонг и Роналд Араухо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови