Connect with us

Барселона го продава Ансу Фати?

Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати, имаше мала минутажа оваа сезона. Тој преку својот агент Жирге Мендеш побарал од клубот или да ја добие минутажата што ја заслужува, а има клаузула од една милијарда евра, или да го продадат.


Фати има договор до 2027 година со откупна клаузула од една милијарда евра, но Барселона е подготвена да го продаде за 70 милиони евра, и е подготвена да преговара за сумата.

Ансу Фати дебитираше за Барселона во 2019 година како 16-годишник и беше најавен како најголемиот талент што се појавил од „Ла Масија“ во последните неколку години. Неговиот развој го ограничија бројните повреди, поради кои извесен период беше надвор од тимот, а по опоравувањето се најде зад Осман Дембеле и Рафиња во ротацијата на Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови