Барселона го претстави Феран Торес како ново засилување, а шоуто го „украде“ Ерлинг Халанд. Претседателот Хоан Лапорта бомбастично најави дека каталонскиот гигант се враќа на голема врата иако е на работ на банкрот и должи една милијарда евра.
Затоа Барселона од летото донесе само играчи на кои им истекуваа договорите, а Феран Торес, кој ќе чини 55 милиони евра, ќе почне да го плаќа дури од лето. Но, и сега не може да го регистрира додека не ослободи место во буџетот со продажба на фудбалери.
Шоуто на „Камп Ноу“ сепак, го украде Ерлинг Халанд. Одекнаа силно одговорите на претседателот на Барселона дали ќе го донесе најдобриот светски напаѓач.
„Работиме на обнова на тим од врвни играчи. Се е можно ако работиме добро, и сигурен сум дека ќе го направиме токму тоа. Врвните играчи сакаат повторно да дојдат во Барселона. Дефинитивно го враќаме статусот што го имавме, големата Барселона е повторно тука“, изјави Лапорта.
Here's here! @FerranTorres20 pic.twitter.com/iZzZkhfSwj
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 3, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal