Connect with us

Барселона го носи Н’Голо Канте на „Камп Ноу“

Барселона е во потрага по наследникот на Серхио Бускетс. Една од целите е Рубен Невеш, фудбалерот на Вулверхемптон, но тренерот Чави Хернандез има уште една голема желба.
Станува збор за играчот од средниот ред на Челси, Н’Голо Канте.


Французинот поради повредата ќе го пропушти Светското првенство во Катар, а закрепнувањето ќе трае до четири месеци.


По освојувањето на Премиер – лигата со Лестер, „сините“ во 2016 година на Лестер му платија 35,8 милиони евра за Канте. Оттогаш, тој забележа 262 настапи за клубот од „Стемфорд Бриџ“ со 13 гола и 15 асистенции.


Барселона се надева дека следното лето ќе успее да го доведе како слободен агент на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови