
Барселона дојде на „Бернабеу“ и го нокаутира шпанскиот и европски првак Реал Мадрид, победувајќи со 0-4. Револуцијата што Ханси Флик ја направи со каталонскиот тим на најдобар можен начин беше демонстрирана токму на Ел Класико. Со ова заврши и серијата од 42 натпревари на Реал без пораз на домашен терен.
Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме. Се играше тотален фудбал, отворено и напаѓачки на двете страни, а Ињаки Пења го доби дуелот со Килијан Мбапе, му одбрани два зицери, покрај тоа што десетина пати беше „уловен“ и во офсајд позиција.
Роберт Левандовски во 56.минута на одличен начин ја реализираше асистенцијата на Касадо и го отвори резултатот, а две минути подоцна со удар со глава постигна фантастичен погодок за 0-2.
По двата гола, Левандовски имаше и неверојатно промашување, кога од пет метри буквално не го погоди голот, туку топката од дирекот се одби надвор од теренот.
Третиот гол го постигна младата ѕвезда Ламин Јамал, а серијата голови ја затвори Рафиња.
Ваков шок не очекуваа ниту најголемите песимисти на Реал, сигурно дека ќе им биде потребно многу време на „кралевите“ да го проголтаат овој убедлив пораз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal