Германскиот стратег Ханси Флик е најсериозниот фаворит за нов тренер на Барселона од следната сезона, открива „Билд“. Тој треба да биде наследник на Чави, кој најави дека си заминува на крајот од сезоната.
„Барселона го извести Ханси Флик дека е сериозен кандидат да стане нивен тренер. Тој сака да го преземе нивниот тим, а во прилог на тоа стои и фактот дека почнал да го учи шпанскиот јазик“, пишува „Билд“.
Ханси Флик пред три години беше на прагот да ја преземе Барселона. Потоа преку видео повици ги договараше деталите со Жоан Лапорта, но на крајот ја одби понудата на Барса, па Роналд Куман ја доби позицијата на „Камп Ноу“.
Поради лошите резултати, Чави пред десетина дена објави дека си заминува на крајот од сезоната. Се чини дека би можел да го наследи токму тренерот кој пред четири години го предводеше Баерн до историски триумф против Барселона (8-2) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тоа е најтешкиот пораз на Барселона во последните 69 години и првиот меч во Лигата на шампионите во кој примиле повеќе од пет гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal