Каталонскиот гигант Барселона покажува интерес за напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, тврди „Газета дело Спорт“. Неговиот договор со актуелниот клуб истекува на крајот од сезоната, а Барса веќе бара замена за Полјакот Роберт Левандовски.
Откако 25-годишниот фудбалер одби да го продолжи договорот со намалена плата, клубот од Торино летово го стави на трансфер листа, но не пристигнаа сериозни понуди и тој беше приморан да остане. Во моментов Влаховиќ е во добра форма – има постигнато четири гола и една асистенција на првите четири натпревари од сезоната.
Друг шпански клуб, Атлетико Мадрид, исто така ја следи ситуацијата околу српскиот репрезентативец, во случај Хулијан Алварез или Александер Сорлот да го напуштат тимот. Третиот заинтересиран клуб е Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













