Барселона ќе престане да му плаќа на Лионел Меси во 2025 година, објавува весникот „Мундо Депортиво“.
Каталонците продолжуваат да исплаќаат заостанати плати на капитенот на аргентинската репрезентација, како и на Серхио Бускетс и Жорди Алба. Клубот има бројни заостанати плати, чие исплаќање беше одложено за време на пандемијата со коронавирусот.
Вкупниот износ на долгот е вклучен во финансискиот извештај за сезоната 2020/21 и не влијае на тековната работа на Барса во оваа година.
До крајот на оваа сезона, овој долг треба да биде целосно исплатен.
Меси ја напушти Барселона во 2021 година, додека Алба и Бускетс се разделија со клубот во 2023 година. Тројцата сега играат за Интер Мајами во САД.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













