
Лидерот во шпанската Ла Лига, тимот на Барселона, нема да може да смета на една од своите најголеми ѕвезди, Ламин Јамал, за натпреварот против Селта овој викенд, потврдија официјално од клубот. Крилниот напаѓач заработи повреда на десниот скочен зглоб уште за време на дуелот против Црвена звезда во Лигата на шампионите, што го спречи и да се приклучи на кампот на шпанската репрезентација за натпреварите од Лигата на нациите.
Имаше надежи во штабoт на каталонците дека тој ќе може да се опорави за натпреварот овој викенд, но сега веќе е јасно дека тоа нема да се случи.
Сепак, шпанските медиуми дополнуваат дека се очекува Јамал да биде подготвен за натпреварот против Брест во Лигата на шампионите во вторник.
Одбранбениот играч Ерик Гарсија исто така нема да биде достапен за дуелот со Селта, и покрај надежите дека ќе се врати. Тој продолжува со опоравувањето од повреда, но сè уште не започнал со целосни тренинзи со своите соиграчи.
Добрата вест за Ханси Флик е закрепнувањето на Роберт Левандовски, кој имаше проблеми со грбот, но ќе може да настапи против Селта.
Сепак, проблемите за Германецот при составувањето на тимот не се мали, бидејќи тој ќе располага само со тројца здрави офанзивни играчи – Левандовски, Рафиња и Пау Виктор. Блиску до опоравување е и Феран Торес, но и тој не е целосно подготвен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
