Раководството на Барселона побарало од Кралската шпанска фудбалска федерација објаснување за ситуацијата со поништениот гол на Роберт Левандовски на натпреварот против Реал Сосиедад во неделата, објави “Релево”. Барселона загуби со 0-1 во Сан Себастијан, а голот на Левандовски во 13. минута не беше признаен поради спорен офсајд.
Полуавтоматскиот систем на стадионот утврди дека Полјакот бил во офсајд, а судијата Гијермо Куадра Фернандес ја потврди одлуката и го поништи голот. Меѓутоа, останаа сериозни сомнежи дали Левандовски навистина беше во нерегуларна позиција.
Од Барселона не се задоволни од објаснувањето дека прикажаниот стоп кадар во телевизискиот пренос, каде што ногата на Левандовски е зад ногата на одбранбениот играч Наиф Агер, не е точен, и дека во ВАР собата бил земен предвид точниот стоп кадар.
Меѓувремено, од компанијата „STT Systems“, која ја разви полуавтоматската технологија за офсајд, признаа дека, иако многу ретко, можно е технологијата да направи грешка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













