
Барселона со уникатно видео го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2024/25, а навивачите се воодушевени од изгледот на дресот и од појавата на легендите на клубот во видеото.
„Вдахновен од наследството, патеката и корените на клубот“, се наведува во описот на видеото кое каталонскиот гигант го објави на социјалните мрежи.
Новиот дрес е произведен од американскиот бренд Најк, со кој Барселона неодамна потпиша договор на десет години вреден 120 милиони евра по сезона. Неодоливо потсетува на оној од сезоната 2006/07, бидејќи грбот е на средината, а дресот не е направен со вообичаениот дизајн со пруги, туку левата страна е во сина боја, а десната во црвена. Во видеото се појавуваат актуелни играчи на Барселона, но и легендите Роналдињо, Карлес Пујол и Андрес Иниеста.
Barça's new kit for the 24/25 season.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 18, 2024
Inspired by the Club's legacy, trajectory, and roots. pic.twitter.com/fqy7UhZMH2
„Дали е можно дека нашиот медиумски тим го продуцирал ова?“
Коментарите под објавата на Барселона се исклучително позитивни, а некои се и шокирани. „Дали е можно дека нашиот медиумски тим го продуцирал ова? Вау“, „Никогаш не сум видел поубави бои“, „Дефинитивно ќе го купам и носам овој дрес“, „Апсолутно прекрасен дрес, а презентацијата буди убава носталгија“, „Најдобра презентација на дрес досега“, се само некои од коментарите на воодушевените навивачи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
