
Барселона сè уште не се откажала од идејата да го привлече крилниот играч на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, но клубот нема да чека до последниот момент за одлуката на 22-годишниот играч.
Според „Мундо Депортиво“, каталонскиот клуб поставил краен рок на играчот до 24 август да одлучи дали сака трансфер или ќе остане во Баскија. Интересно е што токму на тој датум Барселона ќе биде домаќин на Атлетик Билбао.
Трансферот на Нико Вилијамс изгледаше многу веројатен, но во последните денови тој се приклучи на тренинзите на својот сегашен тим и со видео на социјалните мрежи навести дека можеби ќе остане во клубот.
Барселона веќе го привлече Дани Олмо, и ако Нико Вилијамс не дојде, клубот ќе се насочи кон алтернативна опција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
