Барселона без поголем напор запиша нови три бода во Ла Лига, откако со убедливи 3-0 го совлада Хетафе.
Каталонците уште во првото полувреме ја решија дилемата околу победникот. Феран Торес продолжи со блескавата форма и за само половина час постигна два гола – првиот во 15. минута по одлична асистенција на Дани Олмо, а вториот во 34. минута со прецизен удар што ја смири публиката.
Во продолжението, тренерот Ханси Флик реши да ротира и да одмори дел од носителите на играта, но тоа не ја наруши доминацијата на шампионот. Во 62. минута токму Олмо се запиша меѓу стрелците и го постави конечниот резултат, 3-0 за Барселона, која сигурно чекори во новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













