Барселона има едно од најдобрите трансфер лета во историјата на клубот. Каталонците доведоа квалитетни засилувања како Рафиња, Кунде, Левандовски, Кеси и Кристенсен. На повеќето фудбалски фанови не им е јасно како „волшебникот“ Лапортa го реализира сето ова без да го продаде и Френки де Јонг.
Најновата вест е дека Барселона не планира да застане, следна цел е Ашраф Хакими од ПСЖ.
Хакими пред една година дојде во ПСЖ од Интер, а францускиот клуб плати околу 65 милиони евра за Мароканецот, кој израсна во академијата на Реал Мадрид. Сите се прашуват дали Барса има сили за уште една трансферна сензација ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













