Connect with us

Барнабас Варга ќе биде отпуштен од болницата во Штутгарт во среда

Фудбалерот на националниот тим на Унгарија, Барнабас Варга, најверојатно ќе биде отпуштен од болницата во Штутгарт в среда, на 26 јуни. Веста ја објави лекарот Гергел Панчис, а истата беше потврдена и од неговиот клуб, Ференцварош.

Барнабас Варга изгуби свест по тежок судир со голманот на противничкиот тим за време на натпреварот против Шкотска од групната фаза на ЕВРО 2024.

„Барни (Барнабас Варга – заб.ред.) доби силен удар во главата при судирот и ја изгуби свеста. До моментот кога стигна до амбулантата, веќе беше дојден при себе, по што беше пренесен во клиниката во Штутгарт, каде што по прегледот беше изработен терапевтски план за операција“, објасни лекарот.

Тој додава дека по хируршката интервенција, Варга ќе треба да остане уште два дена во болницата во Германија. Варга има неколку фрактури на лицето и потрес на мозокот.

„По операцијата ќе остане уште два дена и ако сè е во ред, ќе биде отпуштен во среда“, додаде тој.

„Во врска со германскиот протокол и првата помош, не сакам да коментирам бидејќи не ги познавам детално и не носам одговорност за нив. Можам да кажам дека имав можност да го посетам Барни во болницата и видов дека е во рацете на специјалисти, кои му посветуваат посебно внимание“, изјави лекарот.

Напаѓачот на Унгарија доби сериозна повреда на главата за време на натпреварот од Европското првенство против Шкотска (1-0). Фудбалерот се судри со голманот Ангус Ган и падна на теренот во несвест. По брзата медицинска помош, беше пренесен во болница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови