МАКФУДБАЛ во Рим,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер на „Олимпико“ во Рим го игра претпоследниот меч од квалификациите за ЕВРО 2024. Италијанците сега веќе и стравуваат од нас, со оглед на нивната „трагедија“ од Палермо, но и ремијата што ги одиграа со Македонија во Торино и во Скопје.
Капитенот Енис Барди вели дека ова се мечеви што ги посакува секој фудбалер, да блесне на најголемата сцена и да одигра врвно за својата селекција, за својата држава.
„Не треба да потенцирам дека имаме максимални мотиви, дека ова се натпревари што секој фудбалер посакува да ги игра во кариерата. Веруваме во нашите квалитети и ќе дадеме сѐ од себе да оствариме нов позитивен резултат. Сакаме повторно да ја направиме нацијата горда. Дај Боже да заврши како во Скопје, иако ова е сосема поинаков натпревар“, изјави капитенот Енис Барди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













