Мкакедонскиот репрезентативец Енис Барди денеска го одработи првиот тренинг со лесно трчање по повредата на ’рбетот која ја заработи на последниот тренинг пред финалниот плејоф меч против Грузија. Тој незгодно падна на тревникот на арената „Тодор Проески“, а потоа и комплетно се „укочи“, воопшто не можеше да отпатува со националниот тим и мораше да остане под лекарски надзор во клиниката „Систина“.
На Барди му беше дијагностицирана дискус хернија, а по еден месец лекување тој е подобро, се опоравува и добри дозвола да почне со лесно трчање. Во тренинг – центарот на Леванте ги истрча првите неколку круга, а неговиот клуб тоа го објави на социјалните мрежи. Сите го очекуваат неговото враќање на терените…
Como nos gusta ver a @enisbardhi10 sobre el verde ?#OrgullGranota ? pic.twitter.com/Xay9lW7HJB
— Levante UD ? (@LevanteUD) December 14, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski