Фудбалската репрезентација на Македонија од вчера е во Букурешт, со тимот е и Енис Барди, кој конечно го победи Ковид-19 и се приклучи на селекцијата. Барди секогаш има дополнителна мака пред големите натпревари, така беше и своевремено со младата селекција У21, но се врати и даде гол, не беше дел и од плејоф мечот против Грузија поради повреда, ама сега гледа напред кон ЕВРО.
„Секогаш имам мака пред важни натпревари, но издржав психолошки, ова мене не може да ме скрши, гледам напред и верувам дека можеме да направиме многу и на ЕВРО. Македонија има одличен тим, ќе го покажеме тоа и тука, а треба да уживаме во секој момент на теренот. Да уживаме во секој аут, секој шут, секој момент поминат на теренот. Јас сум подготвен, тренирав индивидуално и кога бев затворен и изолиран во хотелската соба, се надевам на најдобро. Мора да бидеме фокусирани, секако сме подготвени и сакаме да ја направиме генерацијата повторно горда“, изјави Енис Барди.
Првиот ривал на Македонија на ЕВРО е Австрија, мечот е закажан за 13 јуни, на Националната арена „Тодор Проески“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













