
Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна прекрасен гол од слободен удар во 23.минута, а Леванте на крајот оствари убедлив триумф против Валјадолид на гости (2-4) и се пласираше во следната рунда на Копа Дел Реј. Барди играше до 55.минута кога на негово место влезе Радоја и полека се враќа во натпреварувачки ритам по паузата од два и пол месеци поради повреда на ’рбетот.
Тони го доведе Валјадолид во водство, а израмни Барди. Леванте на одмор замина со предност од 1-2 со голот на Малса. Во вториот дел, за гостите стрелаа и Коке и Моралес од пенал, а за Валјадолид погоди Вејсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
