Connect with us

Балотели и официјално потпиша за Монца

Марио Балотели од денеска и официјално е нов фудбалер на италијанскиот второлигаш Монца. Тој доаѓа како слободен агент откако во март се раздели со Бреша и неколку месеци беше без клуб. 

Балотели повторно ќе соработува со Адријано Галијани како во периодот кога беа дел од Милан. Монца е во сопственост на Силвио Берлускони, а Галијани е прв оперативец на клубот. Шеф на стручниот штаб е Кристијано Броки, поранешниот играч и тренер на Милан.

Балотели потпиша договор до јуни 2021 година со новиот клуб. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови