Connect with us

Бакрачески и Фазлиу ја засилија Победа

Повратникот во елитата, тимот на Победа, доведе уште две нови засилувања во пресрет на почетокот на новата сезона. Нови членови на тимот на Бобан Бабунски се Наумче Бакрачески и Љавдрим Фазлиу .


25-годишниот Бакрачески е играч од средниот ред и доаѓа од Брегалница, додека Фазлиу има 22 години и е офанзивен играч за врска. Последен негов клуб е Македонија ЃП.

Победа мината недела се засили и со стоперот Методија Делов од Тиквеш, а прилепскиот тим го загуби првиот тест од Брегалница со 2-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови