
Баерн Минхен бара нов лев бек, откако се чини дека Алфонсо Дејвис ќе си замине на лето. Канаѓанецот мора да одговори дали ќе го продолжи договорот до крајот на оваа недела.
Главен фаворит за замена на дефанзивецот е Тео Хернандез од Милан. Привлекувањето на францускиот интернационалец нема да биде лесна задача, поради што на „Алијанц Арена“ се разгледуваат и други опции.
Една од нив е Јан Маатсен. Холанѓанецот моментно е на позајмица во Борусија Дортмунд, но е во сопственост на Челси. Во договорот меѓу двата клуба нема клаузула за негов откуп.
Маатсен е проценет на околу 20 милиони евра, што нема да биде проблем за Баерн Минхен.
Тој за „жолто-црните“ во Бундес- лигата одигра 10 натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
