Баерн Минхен одби уште една понуда од Барселона. Каталонците понудија 40 милиони евра плус дополнителни 10 милиони евра преку бонуси за трансферот на Роберт Левандовски, чиј договор истекува на крајот на следната сезона.
Сепак, Баварците категорично одбија. А причината е неверојатна. Челниците на Баерн сакаат веднаш да им биде исплатена целата сума, не сакаат клаузули и бонуси бидејќи сметаат дека Барселона нема да постои за година или две?!
Финансиската ситуација во Барселона не е најдобра веќе неколку сезони. Како што одминува времето, од играчите се бара да направат нови отстапки во однос на намалувањето на нивните плати за да може клубот да опстане.
Левандовски наводно посакува успешно завршување на трансферот до 12 јули, односно до стартот на подготовките на Баерн. Полјакот не сака да се врати во Минхен по се што кажа.
Покрај Барселона, Левандовски го следат уште и Челси и ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













