Connect with us

Баерн понуди 70 милиони евра за Кејн, но Тотенхем експресно ги одби

Баерн Минхен ја достави првата официјална понуда за ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.


Германскиот првак понуди 70 милиони евра за капитенот на Англија, плус дополнителни бонуси.

Сепак, Тотенхем експресно ја одбил првата понуда.

Кејн има уште една година од договорот со лондонскиот тим. Желбата да оди во Минхен е еднаква на намерата на Баерн да го доведе. Тој во моментов е нивен прв избор меѓу напаѓачите. Сепак, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, е лош преговарач кога е во прашање продажбата на неговите најдобри фудбалери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови