
Раководството на Баерн Минхен сака што поскоро да добие одговор од Алфонсо Дејвис дали ќе потпише нов договор со клубот. Според германските медиуми, Баварците му поставиле ултиматум на дефанзивецот до крајот на неделата.
Германскиот гигант му нуди на Дејвис договор до 2029 година и плата од 14 милиони евра. Во исто време, дефанзивецот инсистира на годишна плата од 20 милиони.
Доколку канадскиот интернационалец ја одбие понудата, Баерн веднаш ќе го стави на трансфер листата. Најверојатен излез од ситуацијата е трансфер на левиот бек во Реал Мадрид. „Кралевите“ се веќе подготвени со понуда вредна 50 милиони евра.
Актуелниот договор на Алфонсо Дејвис со Баерн е до летото 2025 година. Во тековната сезона има 21 натпревар и три гола во Бундес – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
