
Германскиот шампион Баерн Минхен е во активна потрага по квалитетно лево крило и меѓу потенцијалните засилувања го вклучил и Луис Дијаз од Ливерпул, пренесува „Скај Спортс Германија“.
Баварскиот гигант веќе прибрал детални информации за 28-годишниот Колумбиец, но засега не се водат директни разговори со Ливерпул. Според информациите, Баерн бара офанзивец со профил сличен на Дијаз, а меѓу опциите е и Ник Волтемаде од Штутгарт, кој исто така игра по левата страна.
Одлуката за конкретна понуда се очекува во наредниот период, откако клубот детално ќе ги анализира сите можности.
Ливерпул не ја исклучува можноста да се раздели со Луис Дијаз, доколку добие понуда што ќе ги задоволи барањата на клубот. Во меѓувреме, „црвените“ веќе го анализираат пазарот во потрага по ново крило, што дополнително ги засилува шпекулациите за евентуален трансфер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
