Раководството на Баерн Минхен реши да не го ангажира централниот дефанзивец на Баер Леверкузен, Џонатан Тах, тврди „Кикер“. Спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл, веќе ги договори личните услови со играчот и се сметаше дека тој сигурно ќе биде ново засилување во тимот на Венсан Компани.
Сепак, вчера актуелниот шампион му постави ултиматум на Баерн да донесе конечна одлука дали ќе го реализираат трансферот до денеска на полноќ.
Според „Кикер“, раководството на Баерн Минхен ја донело одлуката независно од ултиматумот.
Оваа одлука сепак нема да влијае врз иднината на Матијс де Лихт, кој сè уште може да биде продаден на Манчестер Јунајтед. Од друга страна Тах се надева дека ако тоа се случи, раководството на Баерн Минхен може да го промени своето решение и да се врати по него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













