Connect with us

Баерн Минхен сака да го купи Рабио

Баерн Минхен е уште еден клуб кој покажува интерес за Французинот Адриен Рабио, според весникот „Билд“. Договорот на играчот од средниот ред со Јувентус е до крајот на јуни и сѐ уште е неизвесно дали ќе го продолжи, иако во оваа фаза тоа е поверојатната опција.


Баерн им се приклучи на Интер и на Барселона, кои исто така ја следат ситуацијата околу 28-годишниот Рабио.


Французинот и минатата година беше во слична ситуација, но реши да остане уште една сезона во гигантот од Торино. Се очекува Рабио да ја донесе својата одлука по крајот на сезоната.


Тој му се приклучи на Јувентус од францускиот Пари Сен Жермен во летото 2019 година. Рабио досега има гола и 15 асистенции во 197 настапи за италијанскиот тим досега.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови