Connect with us

Баерн Минхен сака да го купи Гави

Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Барселона, Гави. Тинејџерот допрва треба да потпише нов договор со каталонскиот клуб, а сегашниот договор му истекува за помалку од една година. Токму поради оваа причина германскиот клуб е подготвен да го земе бесплатно следното лето, пишува „Билд“.


Баварците веќе стапиле во контакт со агентот на играчот, Иван де ла Пења, за да изразат интерес за него. Постоеше опција германскиот клуб да го ангажира и ова лето, но самиот Гави одби таква можност, бидејќи не сакаше да ја напушти Барса непосредно пред Светското првенство.

Сепак, се чини дека Баерн Минхен ќе продолжи да ја следи ситуацијата околу 18-годишниот фудбалер. Клубот од „Алијанц арена“ сигурно ќе достави понуда за него за трансфер следното лето, особено ако тој и понатаму не може да се договори за продолжување на договорот со раководството на Барселона.

Гави е производ на академијата на Барселона и минатата сезона се проби во првиот тим каде ги импресионираше сите со своите игри, забележувајќи 48 настапи, зачинети со два гола и шест асистенции во сите натпреварувања. Со добрите настап стигна и до репрезентацијата на Шпанија, каде веќе одигра 10 натпревари и постигна еден гол за „црвената фурија“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови