Раководството на Баерн Минхен размислува за изненадувачки потег – ангажман на Маркус Рашфорд, пренесува британскиот весник „Сан“. Баварскиот гигант активно бара засилување на крилната позиција, а иако досега најчесто беше поврзуван со Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, неговиот трансфер во Барселона е сè поблиску до реализација. Тоа ги принудува Германците да пренасочат фокусот, и така името на Рашфорд се појави како приоритетна алтернатива.
Англискиот репрезентативец ја мина втората половина од минатата сезона на позајмица во Астон Вила, каде што во 17 настапи запиша четири гола и шест асистенции. Сепак, клубот од Бирмингем не ја активираше откупната клаузула. Според повеќе извори од Англија, Рашфорд има желба да се пресели во Барселона, но би ја разгледал и можноста за трансфер во Баерн Минхен.
Манчестер Јунајтед ја проценува неговата вредност на околу 40 милиони фунти, но Баерн ќе се обиде да ја намали таа цена. Дополнителна предност е што Рашфорд може да игра и како централен напаѓач, што би било значајно за Венсан Компани, кој засега нема вистинска замена за Хари Кејн.
Покрај Рашфорд, Баерн го следи и Луис Дијаз од Ливерпул, иако и тој е сериозно поврзуван со Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













