Connect with us

Баерн Минхен посакува уште еден играч на Лајпциг

Германскиот првак Баерн Минхен „удри“ по Лајпциг. Откако го доведе младиот стратег Џулијан Нагелсман, а потоа и капитенот Марсел Сабицер пред крајот на летниот преоден рок, сега има нова цел. Тоа е Конрад Лајмер, поливалентниот играч за врска на Лајпциг.

Ако на ова се додаде и трансферот на дефанзивецот Дајот Упамекано кој исто така беше реализиран ова лето, тогаш јасно е дека Баерн Минхен го доведе на „Алијанц арена“ најдоброто од Лајпциг.


Конрад Лајмер е многу сличен на Давид Алаба, има способност добро да се прилагодува на неколку позиции во тимот. Покрај десната странична позиција, може да игра одлично и во средниот ред.

Лајпциг го доведе за 7 милиони евра, а сега Баерн Минхен е подготвен да плати 30 милиони евра и да го купи веќе во јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови