
Фудбалерот на Баерн Минхен, Лукас Хернандез (27) го пропушти вториот дел од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти на Мундијалот во Катар, но, сепак, е ценет.
Медиумите во Шпанија објавија дека францускиот интернационалец е голема желба на Пари Сен Жермен. Сестраниот дефанзивец ги договорил личните услови со клубот од Париз.
Иако првичниот став на Баерн беше дека не сака да го продаде Хернандез, по инсистирањето на играчот да потпише со Пари Сен Жермен, Баварците се подготвени да преговараат со францускиот клуб.
Тоа што не му оди во прилог на клубот од Минхен е фактот што договорот на фудбалерот истекува во летото 2024 година и ова е последна година во која би можеле да заработат посериозно обештетување.
Лукас Хернандез во Баерн Минхен пристигна од Атлетико Мадрид за сума од 80 милиони евра, а се проценува дека сега германскиот првак ќе бара отштета од околу 45.000.000 евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
