
Баерн Минхен подготвува нова, втора понуда за напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде. „Швабите“ ја одбија првата понуда на баварскиот гигант, која изнесувала 40 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони во форма на бонуси.
Раководството на германскиот шампион се обидува да изврши притисок врз Штутгарт да попушти во своите високи финансиски барања, но во Баерн се свесни дека тоа нема да биде лесна задача и никој во клубот не очекува брза разврска. Наместо тоа, на „Алијанц Арена“ сакаат да ја постигнат договорената цена постепено, преку преговори чекор по чекор.
Клубот има потреба од засилувања, особено по повредата на Џамал Мусијала, но во Баерн остануваат цврсти во ставот дека нема да плаќаат астрономски суми за нови играчи. Во клубот многу се надеваат на договор со Волтемаде, кој веќе изразил желба да игра само за Баерн.
Германскиот репрезентативец има уште три години од договорот со Штутгарт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца
