
Напаѓачот на Штутгарт, Серху Гираси, има одлична сезона, со 24 гола и две асистенции на 22 настапи за „швабите“ во сите натпреварувања. Овие показатели го рангираат меѓу најдобрите стрелци не само во Германија, туку и во цела Европа.
Ова, логично, го привлече интересот на голем број клубови за Гвинеецот, чиј договор е до летото 2026 година.
Во моментов Баерн Минхен и Милан се клубовите кои покажуваат најголем интерес за Гираси.
Се очекува двата клуба да се разделат со барем по еден напаѓач во текот на летото. Ерик Максим Чупо-Мотинг ќе замине од Баерн, додека Милан ќе се раздели или со Оливие Жиру или со Лука Јовиќ.
Затоа, двата гиганти бараат нов напаѓач и Серху Гираси се вклопува во нивните замисли.
Напаѓачот од Гвинеја има откупна клаузула од 17 милиони евра, но раководството на Штутгарт во моментов се обидува да го убеди Гираси да потпише нов договор со клубот за отштетата да биде зголемена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
