Голманот на Порто, Диого Кошта, е силно посакуван од Баерн Минхен и Барселона, тврди каталонскиот „Спорт“. 25-годишниот голман се етаблира како еден од најстабилните на својата позиција во последните години.
На „Алијанц Арена“ активно бараат долгорочна замена за Мануел Нојер и сметаат дека Диого Кошта ги поседува потребните квалитети за да застане на голот на германскиот гигант.
Ангажманот на Диого Кошта е многу посложен за тимот на Барселона. Спортскиот директор на Барселона, Деко, сака да донесе уште еден голман во тимот, бидејќи Марк-Андре тер Штеген се опоравува од повреда и не е јасно во каква форма ќе се врати. Освен тоа, се очекува Војчех Шчесни да остане во клубот до крајот на сезоната и нема да му биде понуден нов договор.
Откупната клаузула во договорот на Диого Кошта изнесува 75 милиони евра. Голманот е изданок на академијата на Порто и е дел од првиот тим од 2019 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













