Германскиот првак Баерн Минхен го презентираше Саша Бој како ново засилување. Тој пристигна од Галатасарај во трансфер вреден 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси и процент од следната продажба.
Клубовите исто така договорија и два пријателски натпревари од кои 50 отсто од приходот ќе оди за Галатасарај.
Саша Бој потпиша договор до летото 2028 година.
„Ова е остварување на сонот за мене. За мене е чест да играм за толку голем клуб како Баерн. Навистина се радувам на мојот нов тим и ќе играм со сите овие одлични играчи во иднина. Како играч, јас сум дефанзивец кој сака да напаѓа и мислам дека комплетно ми одговара стилот на Баерн Минхен“, изјави новото засилување на германскиот шампион.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













