
Баерн Минхен го заврши трансферот на младиот голман на Келн, Јонас Урбиг, како дел од својата стратегија за градење на иднината. Урбиг, кој има 21 година, потпиша договор до 2029 година, а трансферот вреди 7 милиони евра со дополнителни 3 милиони во можни бонуси.
„Горд сум што станав дел од еден од најголемите клубови во светот. Ќе се трудам секојдневно да работам професионално и да напредувам како дел од голманската група со Мануел Нојер“, изјави Урбиг, кој ќе го носи дресот со број „40“.

Спортскиот директор Кристоф Фројнд го изрази своето задоволство од трансферот.
„Јонас Урбиг е еден од најталентираните млади голмани во Германија. Со неговите квалитети и стил на игра, тој одлично се вклопува во нашата визија и филозофија.“
Урбиг најверојатно ќе дебитира за Баерн веќе овој викенд во натпреварот против Холштајн Кил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
