Баерн Минхен беше многу активен во зимскиот преоден рок, на Томас Тухел му се потребани засилувања, а веќе пристигнаа фудбалерот на Галатасарај Саша Боеј, десен бек, како и Ерик Даер, кој е позајмен од Тотенхем. Сепак, тука нема да заврши работата.
До крајот на преодниот рок се очекуваат уште две засилувања, на Германците им останува уште денешниот ден за да доведат играчи, а тоа ќе бидат Брајан Сарагоса и Џон Кузи-Асара.
Брајан Сарагоса пристигнува од Гранада за околу 5 милиони евра, се работи за 22-годишен фудбалер кој веќе договорил трансфер во Баерн на лето, но сега клубот побрза поради големиот број повредени играчи во моментов.
Другиот напаѓач е момче кое има само 16 години, тој е Швеѓанец кој е веројатно најголемиот талент на неговата возраст, Џон Кузи-Асара.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













