
Баерн Минхен ќе донесе две големи засилувања, а зделките се веќе завршени. Првото засилување е Рафаел Гереиро, кој ќе пристигне како слободен играч од Дортмунд, а причина за тоа е Томас Тухел кој високо ги цени неговите квалитети и му верува.
Лекарските прегледи се закажани следната недела, договор е постигнат и ќе потпише договор до 2026 година.
Португалецот има 29 години, оваа сезона постигна четири гола, додаде 12 асистенции, најмногу како лев бек.
Вториот потпис е од Конрад Лајмер на кого му истече договорот со Лајпциг. Играчот од средниот ред и репрезентативец на Австрија ќе биде новото засилување на Баерн. Тој веќе истакна дека завршува со Лајпциг и дека нема да го продолжи договорот, а деталите со Баварците ги договорил одамна.
Тухел наводно е импресиониран од Лајмер и дури се очекува да биде стартер во тимот следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal