Германскиот првак Баерн Минхен сака да го продолжи договорот со крилниот напаѓач Лирој Сане, кој е обврзан со клубот до 2025 година, изјави спортскиот директор Криштоф Фројнд.
27-годишниот Сане пристигна во Баерн во 2020 година и помина низ неколку подеми и падови. Тој е во одлична форма од почетокот на оваа сезона и го постигна својот шести гол во победата од 3-0 во Бундес-лигата против Фрајбург.
„Ќе разговараме со Сане и неговите агенти во следните неколку недели. Тој е неверојатен фудбалер и клучен играч за Баерн. Би биле среќни доколку остане во Минхен долго време”, изјави Фројнд по натпреварот.
„Тој е во многу добра форма, игра на секои три дена и среќен е поради тоа. Сите знаеме колку добар играч е, но никогаш не постигнувал голови толку често. Сите сме среќни поради него”, дополни Фројнд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













