Connect with us

Баерн ќе има загуба од 150 милиони евра поради коронавирусот

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен очекува загуба од 150 милиони евра поради пандемијата на коронавирусот, соопшти клубот.


Претседателот на Баерн, Херберт Хајнер изјави дека тие загуби се главно последица на празните трибини, но дека амбициите на клубот остануваат што е можно повисоки.


Новиот извршен директор на клубот, Оливер Кан, истакна дека „безбедноста сепак ќе биде на прво место“.

„Десеттата последовна титула во германскиот шампионат е наша голема цел. Тоа никогаш претходно не е направено во големите европски лиги, но исто така сакаме да бидеме успешни и во европските настапи”, рече Кан.


Следната сезона тимот ќе го води новиот тренер Џулијан Нагелсман, а Кан додаде дека клубот преговара за продолжување на договорот со Леон Горецка и со Кингсли Коман.


Новата сезона во Бундес – лигата започнува на 13 август, а Баерн Минхен се надева дека здравствените регулативи во Баварија ќе овозможат присуство барем на ограничен број навивачи на стадионот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови