Скаути на Баерн Минхен ќе го следат во живо натпреварот меѓу Спортинг Лисабон и Арсенал во Лигата на шампионите вечерва, пишува „О Жого“. Еден од фудбалерите што баварските емисари ќе го следат е Франсиско Тринкао.
Крилниот напаѓач е еден од најдобрите играчи на „лавовите“, а има договор со клубот за уште година и пол.
„Не можам да го контролирам тоа, исто како што не можам да се фокусирам на вакви вести или да размислувам за нив. Мојот фокус е само на натпреварот со Арсенал“, изјави Тринкао на прашање за интересот на Баерн.
Франсиско Тринкао пристигна во Спортинг во летото 2022 година на позајмица од Барселона, а 12 месеци подоцна беше откупен за 7 милиони евра. Каталонците имаат клаузула со која можат да го вратат за 20 милиони евра.
Оваа сезона крилниот напаѓач има одиграно 19 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и запиша 10 асистенции.
Веќе е познато дека Баерн покажува интерес и за голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













