Раководството на Баерн Минхен испратило последна понуда до дефанзивецот Алфонсо Дејвис, тврди „Билд“. Двете страни преговараат со месеци, но сè уште не можат да постигнат согласност за нова соработка.
Тековниот договор на левиот бек истекува на крајот на сезоната.
Информацијата вели дека баварскиот клуб го претставил последниот предлог до Канаѓанецот. Од клубот му кажале на Дејвис дека, ако не ја прифати понудата, ќе може да си бара нов клуб.
Играчот сè уште не го дал својот одговор, а продолжувањето на неговиот договор останува неизвесно. Новиот тренер на Баерн, Венсан Компани, е голем обожавател на канадскиот страничен играч.
Баерн го донесе Алфонсо Дејвис во 2019 година од Ванкувер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













