Connect with us

Баерн испрати нова понуда за Де Лихт, договорот е блиску

Баерн Минхен е блиску до ангажман на дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт, пренесуваат италијанските медиуми.


Двата клуба преговараат веќе подолго време, а првата понуда на Баварците од 75 милиони евра беше одбиена. Сепак, Баерн испрати нова понуда од 80 милиони евра плус бонуси, па двете страни сега се поблиску до можен договор.


Де Лихт веќе има договор со Баерн Минхен за петодишна соработка и на „Алијанц Арена“ годишно треба да заработува 10 милиони евра по сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови